Египет тргна победнички во првата олимписка задача на Начевски и Николов

198

Египет со победа го отвори ракометниот турнир на ЛОИ, откако ја совлада Унгарија со 35-32. Ова беше прв натпревар за најдобрите македонските судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов во Париз.

Јахија Омар и Ахмед Адел со по девет гола беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените Бенце Имре постигна седум гола.

Египет тргна убедливо во првото полувреме водеше и со седум гола разлика, а по 15-19 на одморот, Унгарија успеа да се врати од негативата, на двапати израмни, но немаше сили за нешто повеќе.

Пред оваа средба во групата А, Шпанија по пресврт ја совлада Словенија со 25-22 и најави дека на ЛОИ ќе гледаме интересни пресметки за златниот медал.

ПретходноЛОИ: Ѓуретановиќ квалификациите на 400 метри слободно ги заврши под својот рекорд
СледноФернандез влезе во историјата на ЛОИ, но Шпанија убедливо загуби од Австралија