За малку сензација: Хрватска со многу среќа ја доби драмата со Јапонците!

236

Малку недостигаше Јапонија да ја победи Хрватска на стартот на ракометниот турнир на ОИ, но сепак “коцкестите“ победија со 30:29.  Се играа последните секунди од средбата, резултатот беше 29:29, Јапонија беше во напад, беше погодена статвата на хрватскиот гол, на спротивната страна Мартиновиќ стрелаше за победа. Среќа за Хрватска, трагедија за Јапонија ако се знае дека во 38.минута Јапонија имаше водство од +6.

Сепак Хрватска во манир на голема репрезентација успеа да дојде до победата на овој прв меч ако се знае дека тие се во групата и Словенија, Шпанија, Шведска и Германија.

ПретходноСветскиот шампион убедлив на стартот!
СледноНовак и Карлито фуриозно на стартот на ОИ!