ИОК и се извини на Јужна Кореја што ја нарече Северна Кореја!

56

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) денеска преку социјалните мрежи и со официјално писмо и се извини на Јужна Кореја откако нејзината делегација беше претставена како Северна Кореја во телевизискиот пренос на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз.

„Искрено се извинуваме за грешката направена во претставувањето на корејските спортисти за време на емитувањето на церемонијата на отворањето“, изјавија од ИОК.

Најавувачот на делегациите во моментот кога минуваа спортистите од Ј. Кореја со брод покрај Сена најави дека тоа е делегацијата на „Демократска Народна Република Кореја“, што е официјалното англиско име на Северна Кореја.

ПретходноДанска ја „сомле“ Франција во дербито на колото
СледноГрција со задоцнет финиш, Канада тргна со победа