Италија го доби одбојкарското дерби со Бразил, моќен старт и на Полска

70

Во дербито на денот на машкиот одбојкарски турнир на ЛОИ во Париз, репрезентацијата на Италија го совлада Бразил со 3:1 (25:23, 27:25, 18:25, 25:21). „Аѕурите“ одлично ја почнаа Олимпијадата добивајќи го големото дерби со „Кариоките“. Одлична игра на Романо кој средбата ја заврши со 20 поени и Микелето кој нанижа 13.

Во второто дерби денеска, Гермнија успеа со минимални 3:2 да слави над Јапонија, додека еден од фаворитите за медал, Полска го победи Египет во три сета -со 3:0 (25:21, 25:19, 25:13).

Полјаците уште од првиот сет покажаа голема ангажираност и не им дозволија на Египќаните во ниту еден момент да се вратат во игра. Леон со 13 и Биенек со 12 поени беа лидери во полскиот состав. Вечерва во последниот меч се среќаваат САД и Аргентина.

ПретходноФранција со пресврт до победа над Бразил
СледноГрузијка по рекорден 10. пат настапи на Олимпијадата