Кратко траеше љубовта: Мандариќ си заминува од Војводина?

409

Бизнисменот Милан Мандариќ ќе ја напушти функцијата во Фудбалскиот клуб Војводина по само четири месеци работа во тој српски клуб. Како што објавија неколу српски медиуми, имало несогласување на одредени позиции со делови од раководството на клубот, па Мандариќ решил да се откаже од проектот, иако штотуку седна на своето столче.

Тој ја имаше улогата на потпретседател во клубот, а беше и во Управниот одбор.

Во Војводина долго го чекаа неговото доаѓање. Мандариќ бил импресиониран од она што го затекнал по пристигнувањето во Воша, но веќе некое време е разочаран бидејќи неговата улога е маргинализирана.

ПретходноАвстралиската штафета до злато со нов олимписки рекорд
СледноДанска ја „сомле“ Франција во дербито на колото