ЛОИ: Ѓуретановиќ квалификациите на 400 метри слободно ги заврши под својот рекорд

364

Никола Ѓуретановиќ е првиот македонски спортист кој настапи на ЛОИ во Париз. 16-годишниот Никола настапи во квалификации на 400 метри слободно.

Тој заврши последен во својата група. Трката од 400 метри слободно ја исплива со резултат 4:05.38, што е под неговиот рекорд, а тоа е 4:02.61 мин.

За конечната табела од овие квалификации најверојатно ќе треба да почекаме, но Ѓуретановиќ со ова го заврши својот настап на Летните олимписки игри во Париз.

Илијас Ел Фалаки е победник со време од 4.01.59.

ПретходноКина го освои првото злато, Казахстан со прв медал во стрелање од 1996 година
СледноЕгипет тргна победнички во првата олимписка задача на Начевски и Николов