Одбојкарите поразени на првата контрола со Црна Гора

103

Нашата одбојкарска репрезентација загуби на првиот пријателски натпревар со Црна Гора одигран денеска во Колашин, како дел од подготовките за претстојните квалификации за ЕП 2026. Избраниците на Хари Наковски беа поразени од домашната селекција со 3:1 (31:29, 25:22, 22:25, 25:20).

Иако во првиот сет имавме предност, во завршницата Црна Гора успеа на разлика сепак да го освои воведниот сет и да поведе. Ние се вративме во игра во третиот сет кога намаливме на 2:1, но очигледно тоа не беше доволно за подобар резултат.

Никола Ѓоргиев со 24 поени беше најефикасен во нашата селекција, додека кај Црна Гора, Војин Чаќиќ освои 19 поени.

По договор на селекторите се одигра и петти сет во кој Црна Гора победи со 25:16.

ПретходноГерманија ја „среди“ Шведска во дербито на ракометниот турнир
СледноФИФА со жестоки казни: Канаѓанките останаа без шест бода, суспензии од една година за стручниот штаб