Проблем: На славниот Италијанец му паднала бурмата во Сена! (ВИДЕО)

231

Италијанскиот скокач во височина, Џанмарко Тамбери синоќа си направи проблем. Славниот спортист кој го вееше знамето на својата земја на свеченото отворање на ЛОИ, беше многу весел во тие моменти, ама притоа му паднала бурмата илу венчалниот прстен во водите на реката Сена. Веднаш му се сменило расположението зошто сега треба да и објаснува што и како на својата сопруга.

Бадијала утешителните зборови на неговите колеги од репрезентацијата. Сега се поставува прашањето како ли тој сега ќе се натпреварува на овие ОИ во Париз, а од него Италија очекува добар резултат во секој случај.

ПретходноВерстапен најбрз во квалификациите, но Леклер ќе почне од пол-позицијата на Спа
СледноАнгелов: Во Черкаси нема војна, но ќе има борба на терен