Стратегот Бојан Круљ ќе го предводи тимот на Брера Струмица и во претстојната сезона. Управата на клубот го продолжи договорот со тренерот уверени дека може да се направи исчекор повеќе во следната сезона.
Круљ дојде на почетокот на 2024 и успеа резултатски да го стабилизира тимот но и да обезбеди опстанок во Првата лига. По завршување на последната првенствена сезона, Круљ кажа дека неговите лични амбиции е атак на врвот на прволигашката табела што впрочем се и амбиции на клубот.
„Ќе се обидеме да бидеме на врвот од табелата а ако ни се даде можност за излез во Европа да го искористиме, оти тоа ни е цел. Наша цел е да ги развиваме младите талентирани фудбалери и сигурно ке се обидеме да направиме баланс мегу младоста и искуството и екипата да биде стабилна во текот на целата сезона за да може да освојуваме бодови дома и во гости“, кажа Круљ на почетокот на јуни.