На својот прв меч на олимпискиот турнир во кошарка, селекцијата на Германија успеа со 97:77 да слави над Јапонија. Значи светскиот шампион имаше убедлив старт на ова Олимпијада. Јапонците само на моменти се обидуваа да се заканат, но без некој поголем успех.
Германците уште на стартот на мечот, инаку резултатски ги добија сите четири четвртини, наметнаа свој ритам и на крај заслужено славеа.
Вагнер со 22 поени беше најефикасен на оваа средба, Јапонецот Хаџимура застана на два помалку.
Ова беше меч од групата – А во која се уште и селекциите на Франција и Бразил.