Фернандез влезе во историјата на ЛОИ, но Шпанија убедливо загуби од Австралија

145
Фото: ФИБА/Твитер

Австралија ја запиша првата победа на ЛОИ во Париз, откако ја совлада Шпанија со 92-80. Шпанија на момент се врати во мечот, но само кратко поведе, а потоа противникот ја продолжи доминацијата и сосема заслужено се радуваше во оваа битка.

Во првата четвртина Шпанците имаа негатива од десет поени 31-21, најголемата во овој период изнесуваше 31-17. Моментот кога водеа беше 54-56, но противникот со осум поени во низа ги доведе работите на старо. Нешто пред самиот крај „фуријата“ намали на 86-80, но Австралија со две тројки стави печат на победата.

Џок Лендејл со 20 поени беше најефикасен во таборот на победникот, додека кај поразените 27 поени имаше Санти Алдама.

ПретходноЕгипет тргна победнички во првата олимписка задача на Начевски и Николов
СледноОфицијално: Реал со спектакуларна промоција се пофали и со Ендрик! (ФОТО)