Австралиската штафета до злато со нов олимписки рекорд

162

Австралиската штафета 4х100 метри слободно во женска конкуренција го собори олимпискиот рекорд и го освои златото во финишот на првиот натпреварувачки ден на ЛОИ во Париз. Австралијките во состав О’Калахан, Џек, МекКион и Херис успеа да постави нов најдобар резултат на Олимпијадите – 3:28.92 минути, оставајќи ги зад себе Американките и пливачките од Кина кои се закитија со сребрени и бронзени одличја.

Во машкото финале 4х100 метри, Американците успеаја да дојдат до златото, пред Австралија која имаше фантастичен финиш, додека до бронза доплива штафетата на Италија. Разочараа Кинезите кои почнаа добро, но на крајот не успеаја да дојдат до медал.

Лукас Мертенс го освои првиот златен медал за Германија на оваа Олимпијада откако заврши прв на 400 метри слободно. Германецот постави време од 3:41.78 минути и зад себе ги остави Австралијанецот Елајжа Винингтон, додека Кореецот Ким се закити со бронзата.

Во финалето на 400 метри слободно во женска категорија златото и припадна на Ариарне Титмус (3:57.49 м.), додека Самер Мекинтош Канада) и Кејти Ледеки (САД) ги освоија сребрениот и бронзениот медал.

ПретходноФИФА со жестоки казни: Канаѓанките останаа без шест бода, суспензии од една година за стручниот штаб
СледноКратко траеше љубовта: Мандариќ си заминува од Војводина?