Ангелов: Во Черкаси нема војна, но ќе има борба на терен

570

Во моментов, за жал, Украина како држава во светот се споменува во поголемиот дел од времето по лошо. По таа проклета војна која што никогаш никому не донела ништо добро. Сепак, оваа земја, како така, и во вакви воени услови некако функционира, па дури и тамошниот фудбалски шампионат, кој што стртува за десетина дена.

Во него, како претставник сезонава ќе го имаме Македонскиот младински рерпезентативец Матеј Ангелов, кој што во голем трансфер летово се пресели од Работнички во тимот на Черкаси.

Играчот за врска полека но сигурно се прилагодува на новата средина, одигра неколку пријателски мечеви, а Спортспорт е на линија со него, за да ги чуе првичните импресии од Украина.

„Како за почеток е супер. Не е лесно да ја промениш средината и да пристигнеш во Украина во овој специфичен момент, но  не дека се жалам, напротив. Овде ми е и повеќе од убаво во моментов. Черкаси е добра средина, и како град и како клуб. Тука не се случува ништо невообичаено се е мирно и животот е сосема нормален. Мечевите ќе ги играме на нашиот стадион, базата која што клубот ја поседува е фантастична и ФК Черкаси не се разликува во моментов од ниту еден друг клуб од Европа на ова ниво. Почнуваме следниот викенд со шампионатот, и очекувам да ја искористам дадената шанса“ – ни изјави Ангелов.

Тој иако има 20 години одамна го има првитимскиот статус. Работнички како клуб е познат по стратегијата на форсирање на млади фудбалери, па нормално е што Ангелов во серијата мечеви одиграни за „романтичарите“ и заработи транфер во странство.

„Работнички беше клубот кој што ме препозна и на 15 години ме доведе во Скопје од мојата матична Брегалница. Многу му должам на тој клуб, пред се на тренерот од тогаш младинската школа Вангел Алтипармаковски кој што всушност и ме доведе. На негово инсистирање јас пристигнав во Работнички и ете неколку години подоцна на клубот му вратив со добри игри и трансфер. Се надевам на уште подобар перформанс тука во Украина, за да ја продолжам традицијата на играчи на Работнички кои годиниве направија големи кариери. Секако, се надевам и на доверба од страна на селекторите на Македонија како на У21, така и на сениорско ниво, секако откако истата ќе ја заслужам на терен. Тренерот во Черкаси е од Шпанија, инсистира на игра и на посед, што мене ми одговара, за што повеќе да напредувам“ – ни изјави Матеј Ангелов.

ПретходноПроблем: На славниот Италијанец му паднала бурмата во Сена! (ВИДЕО)
СледноФранција со пресврт до победа над Бразил