Аргентина со убедлив триумф против Ирак, Шпанија си гази!

106

Денеска почнаа натпреварите од 2.коло од групната фаза на фудбалскиот турнир на Олимпијадата. По поразот од Марко на стартот, секако дека од Аргентина се очекуваше само победа и ништо друго на дуелот со Ирак.

Да, “гаучосите“ славеа на крајот со 3:1, но сепак не беше се така лесно. Имено Аргентина поведе со 1:0 со голот на Алмада во 13.минута, но противникот израмни на 1:1 во 45+4.минута преку Хусеин.

Во второто полувреме победата од 3:1 ја донесоа Гонду и Фернандез.

Шпанија пак си гази. Денеска “Фуријата“ славеше против Доминиканска република, исто со 3:1. Стрелци на головите беа Лопез, Баена и Гутиерез, додека голот за 1:1 за Доминикана беше дело на Монтес. Треба да се каже дека оваа селекција цело второ полувреме играше со играч помалку по црвениот картон на Азкона во 45.минута.

Со оваа победа Шпанија е веќе следната фаза.

ПретходноБура поради „Тајната вечера“ на ОИ: Верниците бесни повикуваат на бојкот!
СледноЃуретановиќ: “Тремата си го направи своето“!