Кина го освои првото злато, Казахстан со прв медал во стрелање од 1996 година

150

Кина го освои првиот златен медал на ЛОИ во Париз. Во финалето 10 метри воздушна пушка во мешани тимови, актуелните светки прваци,  Лихао Шенг и Јутинг Хуанг сега се олимписки шампиони.

Тие ги победија во нивниот натпревар со 16-12 над Кеум и Парк од Република Кореја.

Мешаната двојка од Казахстан, Александра Ле и Ислам Сатпаев, освои бронза во конкуренција на 10 метри воздушна пушка со победата од 17-5 над Максимилијан Улбрих и Ана Јансен од Германија. Ова е прв олимписки медал за Казахстан во стрелање од 1996 година.

ПретходноПродолжен договорот со Бојан Круљ и за следната сезона
СледноЛОИ: Ѓуретановиќ квалификациите на 400 метри слободно ги заврши под својот рекорд