И ракометарите на Норвешка стартуваа со победа на ракометниот турнир на ОИ. Совладана е Аргентина со резултат 36:31 и освоени се првите бодови во групата – Б,каде што уште се и селекциите на Египет, Данска, Франција и Унгарија. Инаку познато е дека четири од шест селекции одат во следната фаза.
Се беше готово уште во првото полуреме, кога Норвежаните дојдоа до 22:15, потоа се беше полесно. Да, Аргентина го доби второто полувреме,но сепак тоа беше премалку за да се дојде до било каква закана за селекцијата на Норвешка.
Грондал со 8 голови едноставно ја искажа својата класа, два помалку од него беа дело на Бјорнсон.
Треба да се каже дека поради груб фаул црвен картон доби Сагосен.