Со голем пресврт, кошаркарската репрезентација на Франција оствари вредна победа над Бразил на стартот на ЛОИ во Париз. Домаќините со голема поддршка од трибините стигнаа до победа над Бразил, со резултат 78:66.
Виктор Вембањама беше херојот на француската селекција со 19 поени и 8 скока, а Николас Батум постигна 19 со 5 скока.
Во редовите на Бразил, Мајндл имаше 14, Фелисио 12, а Уертас 11.
Во втората рунда во оваа група, Бразил ќе оди на поправен против Германија, додека Французите ќе бараат втора победа над Јапонија.