Ѓуретановиќ: “Тремата си го направи своето“!

529

Никола Ѓуретановиќ е првиот македонски спортист кој настапи на ЛОИ во Париз. 16-годишниот Никола настапи во квалификации на 400 метри слободно.

Тој заврши последен во својата група. Трката од 400 метри слободно ја исплива со резултат 4:05.38, што е под неговиот рекорд, а тоа е 4:02.61 мин.

– Пред самата трка имав малку трема, моите години го направија своето, бев многу возбуден. Но сепак ова е едно големо искуство за мене, секако дека ќе се прикажам во најдобро светло на следните големи натпреварувања, изјави младиот Ѓуретановиќ за сајтот на МОК.

За македонските олимпијци, следниот настап е веќе утре (недела). Анастасија Мојсовска која во стрелаштво ќе настапи во дисциплината воздушна пушка од 10 метри.

ПретходноАргентина со убедлив триумф против Ирак, Шпанија си гази!
СледноНорвешка сигурна против “гаучосите“!