Репрезентацијата на Данска ја совлада Франција со 37:29, во реприза на финалето од Токио и во спектаклот на олимпискиот ракометен турнир. Овој меч ќе остане запаметен и по трите гола на Никола Карабатиќ, францускиот ветеран кој испиша рекорд со играњето на неговите шести Олимписки игри. Иако ова е навистина голем ден во неговиот живот и кариера, исходот од натпреварот беше таков што тој ќе сака што побрзо да го заборави.
Карабатиќ ги игра последните натпревари од големата кариера, бидејќи по Олимписките игри ќе се пензионира. Против Данска го одигра 33-от меч на Игрите и му недостасуваат само два да го надмине рекордот на советскиот и рускиот голман Андреј Лавров, кој освои злато во 1988, 1992 и 2000 година. Тој рекорд Никола би можел да го собори на 2 август, на мечот со Аргентина во Париз.