Нашата најдобра одбојкарска репрезентација денеска славеше победа над Црна Гора, на гости, со 3:1 во сетови (23:25, 25:23, 25;23,25;22). Ова значи дека избраниците на селекторот Хари Наковски и се реваншираше на Црна Гора по вчерашниот пораз на првата контрола. Најдобри поентери во нашата селекција беа Н. Ѓорѓиев (27) и Љафтов 19.
И двете контроли беа дел од подготовките за квалификациите за ЕП 2026. Секако дека и двете се добредојдени за нашите одбојкари и селекторот Наковски да се види до каде е формата.