ТВ коментатор е суспендиран поради изјава за време на отварањето на ЛОИ

324

Имаше различни реакции за свеченото отворање на Олимписките игри во Париз, а веста за најконкретните последици доаѓа од Полска. Телевизискиот коментатор на локалната медиумска компанија беше суспендиран поради исмејувачки коментар за време на церемонијата.

На свеченото отворање, локалната пејачка Џулиет Арманет ја отпеа песната на Џон Ленон „Imagine“ со придружба на пијано. Овој хит на легендарниот пејач на Битлси се смета за неофицијална олимписка химна. Во него Ленон пее за свет без рај, без нации и без религија.

Додека песната продолжуваше, коментаторот Пшемислав Бабијарц рече: „Свет без небо, нација и религија. Ова е визија за мир што треба да важи за сите луѓе. За жал, тоа е визија на комунизмот“.

Набрзо стигна и реакцијата на Телевизја Полска: „Сакаме да Ве известуваме дека по вчерашните скандалозни зборови Пшемислав Бабијарц е суспендиран од службените должности и повеќе нема да биде коментатор за време на Олимписките игри“.

ПретходноДеби од соништата за Шеј Ју на ЛОИ
СледноМојсовска не се пласираше во финалето на ЛОИ