Шокантен пресврт по завршување на трката за ГН на Белгија која се одржа денеска на патеката на Спа. Победник беше Џорџ Расел, но официјално тој беше дисквалификуван и победата му беше одземена поради тоа што неговиот болид бил полесен за 1,5 килограми од потребното. Потоа се знаеше што следува, победата му беше доделена на вториот кој ја заврши трката, а тоа беше неговиот колега од Мерцедес, Луис Хамилтон.
Официјално втор заврши Оскар Пјастри, додека Шарл Леклер е трет, а Макс Верстапен четврти.