Нова победа за македонската кошаркарска репрезентација до 18 години на ЕП „Б“ Дивизија кое се одржува во Сопје. Нашите момчиња го добија дуелот со Чешка за првото место во рупата Ц, славеа со 86-94 и веќе четвртфиналето им се насменува.
И овој пат во добро издание се покажа Никола Јаничиќ кој постигна 25 поени, пет скока и пет асистенции. Зад него беше Стефан Стојковиќ со 20 поени, Марко Луканоски постигна 16 поени и 9 скока.
Добро прво полувреме за нашите кошаркари, по 27-27 во првите десет минути, „црвено-жолтите“ во вториот период успеаја да дојдат до двоцифрена позитива од 11 поени (46-57), на одморот беше 49-59.
На стартот на третата четвртина (49-62), беше и 59-69, по што следеше пад.
Ж Чешка сепак успеа да се врати во мечот, третата четвртина ја доби со 19-13, а потоа на стартот на последната четвртина израмни на 72-72. Со десет поени во низа, Македонија зголеми на 72-82 на пет минути до крајот.
Чешка направи нов обид за пресврт но Никола Јаничиќ со тројка зголеми на 76-87 и стави крај на сите дилеми околу победникот на оваа средба. Останаа две минути до крајот, а нашиот тим успеа да го сочува водството.
Следи ден одмор, па дуелот против Кипар.