Нов проблем во Париз – откажан тренингот на триатлонците

371
ФОТО: https://olympics.com/

Дождот не само што направи проблем на отварањето на ЛОИ, туку и извалка Сена и ги натера организаторите да го откажат тренингот за триатлон планиран за денеска наутро. Домаќинот е уверен дека натпреварувањето во тој спорт ќе се одржи во вторник и среда. Триатлонот е првиот олимписки настан што се одржува во Сена, пред пливањето на отворени води во втората недела од Олимписките игри во Париз.

Организацискиот одбор на Олимписките игри, Меѓународната триатлон федерација, како и локалните власти излегоа со соопштение:

„Донесовме заедничка одлука за откажување на пливачкиот дел од воведниот триатлон“ закажан за в недела, бидејќи „водостоите не даваат доволна гаранција“.

Тие не прецизираа колкаво е нивото на бактериите Е.Коли и ентерококус, кои мора да бидат под одреден праг, но потенцираа дека „приоритет е здравјето на спортистите“.

ПретходноМојсовска не се пласираше во финалето на ЛОИ
СледноТинејџерот на Јунајтед од 60 милиони евра се повреди на својот втор меч