Даскалоски ново засилување за Пролет

96

Златко Даскалоски е ново засилување за екипата на Тинекс Пролет во пресрет на новата сезона во ракометната лига на Македонија.

Даскалоски потпиша договор на две години со клубот од Скопје, а покрај обврските со првиот тим тој ќе учествува во развојот на голманите во младинската школа на Тинекс Пролет. Даскалоски е поранешен репресентативен голман на Македонија, тој доаѓа во Пролет од екипата на Голден Арт, а предходно настапувал и за Вардал и Бутел. Тој исто така има и меѓународно искуство во екипите на Стразбур, Темишвар и Ловќен.

Подготовките за новата сезона ќе започнат на 5-ти август, а во меѓувреме се очекува да бидат објавени уште неколку засилувања за Тинекс Пролет.

ПретходноМилан ги промовираше гостинските дресови за новата сезона (ФОТО)
СледноДумфрис во Интер до 2028 година