Давид Де Хеа ќе продолжи да биде слободен на пазарот, откако не успеа да постигне договор со Џенова. Преговорите засега се прекинати поради преголемите барања на шпанскиот голман.
„Скај Спорт“ пренесува дека преговорите оделе во добра насока, дека Де Хеа бил заинтересиран да дојде на северот на Италија, но сепак побарал превисока плата за стандардите на Џенова.
Де Хеа одби бројни понуди од Саудиска Арабија бидејќи сакаше да остане во Европа, но како што сега стојат работите Џенова нема да биде опција.
Се шпекулира дека ќе мора да ги намали своите барања доколку сака да се врати на позициите по една година надвор.
Тој е без клуб откако минатото лето го напушти Манчестер Јунајтед како слободен играч.