Холандскиот репрезентативец и фудбалер на Интер, Дензел Думфрис ќе го продолжи договорот со италијанскиот гигант до 2028 година.
Со новиот договор Думфрис ќе заработува 4 милиони евра по сезона. Иако во изминативе денови имаше шпекулации дека Манчестер Јунајтед има голем интерес за услугите на Думфрис, сепак Холанѓанецот нема да се пресели во Англија и ќе продолжи да ги брани боите на „нероаѕурите“.
Думфрис пристигна во Интер во 2021-та година од холандски ПСВ.