Косово освои медал на ОИ во Париз!

5099

Дистрија Красниќи и тоа како ги израдува сите во Косово. Имено таа во џудо освои сребрен медал, прв за Косово на овие ЛОИ во Париз 2024. Таа во финалето во категоријата до 52 кг беше поразена од претставничката на Узбекистан Дијора Келдијорова.

Инаку Красниќи на минатите ЛОИ во Токио го освои златниот медал. Секако дека ова е голем ден за косовскиот спорт.

ПретходноШокантно: Расел дисквалификуван, победата на Спа за Хамилтон!
СледноБраво момчиња: Кошаркарите до 18 години ја победија и Чешка за прво место во групата