Македонија славеше против Црна Гора на втората контрола!

142

Нашата најдобра одбојкарска репрезентација денеска славеше победа над Црна Гора, на гости, со 3:1 во сетови (23:25, 25:23, 25;23,25;22). Ова значи дека избраниците на селекторот Хари Наковски и се реваншираше на Црна Гора по вчерашниот пораз на првата контрола. Најдобри поентери во нашата селекција беа Н. Ѓорѓиев (27) и Љафтов 19.

И двете контроли беа дел од подготовките за квалификациите за ЕП 2026. Секако дека и двете се добредојдени за нашите одбојкари и селекторот Наковски да се види до каде е формата.

ПретходноГостивар се засили со младинскиот репрезентативец Кристијан Ѓорѓиевски! (ФОТО)
СледноСелфи во Париз: Најдобрите судии со најдобриот во историјата!