Експедицијата на Струга ТЛ веќе е во Ереван каде пристигна денеска во раните утрински часови. Секако, со цел да не за загуби денот, фудбалерите и стручниот штаб одработија и еден тренинг а утре ќе го имаат оној официјалниот на стадионот каде што во вторник во 18 часот ќе го одиграат возвратниот меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции против Пјуник. Познато е дека на првиот меч во Охрид нашиот шампион славеше со 2:1.
Како што се гледа од фотографиите и силниот дожд кој врнеше во еден момент додека траеше тренингот, не им пречеше на момците на стратегот Ќатип Османи.