Утре нешто после 13:30 часот е терминот за одигрување на 60-тиот дуел меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Тие се среќваат во 2.коло на тенискиот турнир на ЛОИ во Париз. Секако дека сите фанови, не само на тенисот, со нетрпение го очекуваат овој мега – спектаклот кој доаѓа многу рано.
Ова секако е дека, барем според титулите и минатиот труд, е финале пред финалето и секако дека ќе се води голема битка како што вообичаено се гледа кога играат овие двајца велемајстори на тенисот, на двајца од тројцата, заедно со Федерерм најдобри во историјата.