Препелиќ е ново име во АБА дебитантот Дубаи

91

Словенечкиот кошаркарски репрезентативец Клемен Препелиќ потпиша за екипата на Дубаи, која во новата сезона ќе дебитира во АБА лигата. Како што беше најавено, 31-годишниот Словенец потпиша договор со челниците на Дубаи на 2 + 1 година.

Препелиќ е европски првак од 2017 година со Словенија, а зад себе има голем број клубови за кои настапувал, како Реал, Валенсија, Галатасарај и Цедевита Олимпија.

Дубаи сега е се поблиску до комплетирање на првиот ростер во историјата на клубот. Претходно за Дубаи потпишаа Данило Андушиќ, Алекса Ускоковиќ, Немања Дангубиќ, Авуду Абас, Леон Радошевиќ, Ахмет Дувериоглу и Нејт Мејсон .

ПретходноРеал со нови договори за Менди и Карвахал
СледноРасел победник на Спа, Верстапен само петти