Расел победник на Спа, Верстапен само петти

65

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел ја освои големата награда на Белгија во последната трка пред летната пауза.

Британецот стигна до втората победа оваа сезона зад себе оставајќи го својот тимски колега Луис Хамилтон. Третото место го освои возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, додека пак актуелниот шампион Макс Верстапен не ги исполни очекувањата и ја заврши трката на петтата позиција, откако стартуваше од 11. позиција поради казната од 10 места поради промена на енергетскиот погон.

Пред летната пауза на генералниот поредок, првото место го зазема Макс Верстапен со 275 поени, а зад него се Ландо Норис со 197 поени и Шарл Леклер со 174 поени.

Наредната трка е големата награда на Холандија која ќе се одржи на 25 Август.

ПретходноПрепелиќ е ново име во АБА дебитантот Дубаи
СледноМилан ги промовираше гостинските дресови за новата сезона (ФОТО)