Сeлекторот на Мојсовска задоволен: Зад нас останаа европски и светски прваци

382

Анастасија Мојсовска го заврши својот настап на Летните Олимписките игри во Париз постигнувајќи добар резултат, иако не успеа да се пробие меѓу финалистите во дисциплината 10 метри со воздушна пушка.

Во своето деби на Игрите, Мојсовска во квалификациската рунда по шестте серии имаше вкупен резултат од 625.3 погодени кругови. Нејзиниот најдобар резултат останува 628.8 кругови. За жал не беше доволен да обезбеди место во финалето, кое и избега за 6 круга.

Селекторот Тасевски со свое видување за настапот на Анастасија:

„Во текот на натпреварот добро се координиравме и сите серии беа над 104, освен една со што оствари највисок резултат на едни Олимписки игри во дисциплината пушка. Позади нас оставивме европски и светски прваци како што се Чешка, Велика Британија, Америка, Германија, Бразил и др. За влез во финалето беа потребни 631.3 кругови, односно ни фалеа само 6 кругови. Анастасија погоди 57 од 60 дијаболи во центарот, но кај нас едно срцебиење и зголемен адреналин делува на квалитетот на центрите“, вели Тасевски.

За македонските олимпијци, следниот настап е во вторник (30 јули), кога џудистот Еди Шерифовски ќе настапи во категоријата до 81 килограми.

ПретходноКарабатиќ испиша историја на ЛОИ
Следно19-годишна Корејка со нов олимписки рекорд до златото во стрелаштво