Шокантно: Расел дисквалификуван, победата на Спа за Хамилтон!

293

 

Шокантен пресврт по завршување на трката за ГН на Белгија која се одржа денеска на патеката на Спа. Победник беше Џорџ Расел, но официјално тој беше дисквалификуван и победата му беше одземена поради тоа што неговиот болид бил полесен за 1,5 килограми од потребното. Потоа се знаеше што следува, победата му беше доделена на вториот кој ја заврши трката, а тоа беше неговиот колега од Мерцедес, Луис Хамилтон.

Официјално втор заврши Оскар Пјастри, додека Шарл Леклер е трет, а Макс Верстапен четврти.

ПретходноПријателски: Без победник во Кавадарци, Работнички и Пелистер одиграа 1:1!
СледноКосово освои медал на ОИ во Париз!