На првиот ден од тенискиот турнир на Олимписките игри во Париз, Новак Ѓоковиќ од Србија за само 53 минути го победи 36-годишниот австралиски специјалист во двојки Метју Ебден со 6:0, 6:1.
Ебден нема ни пласман во сингл и на турнирот влезе како замена поради горенаведените откажувања.
Ѓоковиќ ги критикуваше организаторите за таа одлука:
„Жал ми е за Ебден, тој не игра сингл. Не ги разбирам правилата дека кога некој ќе откаже, викаат играч од двојките да пополни сингл, и толку многу играчи сонуваат да настапат на Игрите, тоа е несоодветно за турнирот и за гледачите, бидејќи не е на тоа ниво да се зборува во контекст на натпреварувањето“.
Во второто коло, Ѓоковиќ би можел да игра против легендарниот ривал Рафаел Надал, доколку Шпанецот победи:
„Не сме играле долго време, неколку години. Мислам дека последен пат беше тука, на Ролан Гарос во 2022 година. Имавме епски, спектакуларни натпревари на овој терен“.