19-годишна Корејка со нов олимписки рекорд до златото во стрелаштво

221

19-годишната јужнокорејска стрелачка, О Је Џин освои златен медал во дисциплината 10 метри воздушен пиштол на вториот натпреварувачки ден на Игрите во Париз. Освен што дојде до златото, таа постави и нов олимписки рекорд со резултат од 243,2.

Среброто отиде на градите на нејзината сонародничка Ким Је Џи, додека Индијката Ману Бакер (221,7) на крајот го освои бронзениот медал.

Јужна Кореја веќе има два златни медали на Олимписките игри во Париз, додека Бакер и го донесе првиот медал на Индија.

Кинезот Ју Ксие го освои златниот медал во дисциплината воздушен пиштол на 10 метри со резултат 240,9. Подиумот го комплетираа двајца Италијанци, Федерико-Нило Малдини кој на крајот беше втор, додека бронзата му припадна на Паоло Мона.

ПретходноСeлекторот на Мојсовска задоволен: Зад нас останаа европски и светски прваци
СледноТен Хаг задоволен и покрај поразот од Арсенал