Новиот македонски фудбалски прволигаш, екипата на Беса, денеска објави дека раководството на клубот постигна договор со Општина Гостивар за претстојната сезона 2024/25, натпреварите да се играат на градскиот стадион во Гостивар.
Беса очекуваше ваков договор, откако ФК Гостивар потврди дека заминува од градот и своите натпревари од ПМФЛ ќе ги игра во Скопје.