Милан го победи Сити, Арсенал подобар од Јунајтед (ВИДЕО)

593

Фудбалерите на Милан го совладаа англискиот шампион Манчестер Сити со 3:2 во пријателски натпревар во Њујорк, додека Арсенал го победи Манчестер Јунајтед со 2:1 во Инглвуд со што го забележа вториот пораз на американската турнеја, по 3:4 Шкотскиот шампион Селтик.

Иако Норвежанецот Халанд го доведе Манчестер Сити во водство во 19. минута, Милан до одморот имаше предност по двата гола на Коломбо, во 30. и 34. минута. На 2:2 израмни Мекати во 55. минута, додека победата на Милан ја обезбеди Насти со гол во 78. минута.

На другата страна на САД, во Инглвуд, Калифорнија, Арсенал со 2:1 го совлада Манчестер Јунајтед, кој поведе со голот на Расмус Хојлунд во 10. минута. Израмни Габриел Жесус со гол во 26. минута, а победата на Арсенал ја обезбеди уште еден негов Бразилец Габриел Мартинели на девет минути пред крајот за 2:1.

ПретходноГрција со задоцнет финиш, Канада тргна со победа
СледноЃоковиќ со критика до организаторите: Не ги разбирам тие правила