Попладнево се одиграа неколку пријателски средби на кои настапија неколку наши прволигашки клубови. Во Кавадарци силите ги одмерија Тиквеш и Шкендија, а резултатот на крајот беше 1:1. Поведоа кавадарчани со голот на Витао во 22.минута, за да Флорент Рамадани израмни на 1:1.
Во Охрид, контролен меч одиграа Рботнички и Пелистер, интересно и овој меч заврши со резултат 1:1. Работнички поведе со голот на Мазари во 50.минута, додека битолчани дојдоа до резултатски егал преку Масевски во 6.минута.