Тен Хаг задоволен и покрај поразот од Арсенал

159

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег, го пофали перформансите на неговиот тим и покрај тоа што загуби со 2-1 од Арсенал во пријателски натпревар. Задоволство од играта на своите момци и по натпреварот.

„Мислам дека играта беше на многу добро ниво во третата недела од нашите претсезонски тренинзи. Ова важи и за двете екипи, но според мене во првото полувреме бевме подобри. Постигнавме прилично добар гол по многу добрата асистенција на Маркус Рашфорд, а потоа Расмус Хојлунд покажа добро движење и финиш. Во такви ситуации тој е многу силен и е закана за секоја одбрана, имајќи голгетерски способности. Јас сум многу задоволен. Создадовме и повеќе добри шанси, а потоа примивме гол од офсајд. Повредите на Хојлунд и Лени Јоро? Се разбира, рано е да се знае нешто повеќе. Мора да почекаме 24 часа и се надеваме дека ќе знаеме повеќе после тоа. Бевме внимателни, особено со Лени, бидејќи тој учествуваше само на половина од нашите тренинзи. Да бидеме позитивни и да видиме што ќе се случи#

Претходно19-годишна Корејка со нов олимписки рекорд до златото во стрелаштво
СледноБеса домашните натпревари ќе ги игра на стадионот во Гостивар