Организаторот се извини за “Тајната вечера“!

621

За време на церемонијата на отворање на ЛОИ Париз 2024, кое секако дека беше екстравагантно и спектакуларни, во еден момент имаше пародија на “Тајната вечера“. Нешто што за христијаните е светос. Многу врева се дигна по тој перфоманс, посебно кај католиците, но и останати христијани.

Натеран да преземе нешто во врска со ова, очекувано организаторот одлучи да се извини:

“Јасно е дека немаше никаква намера да се покаже непочитување кој која било религиозна група. Церемонијата на отворање се обиде да ја прослави толеранцијата на заедницата. Мислиме дека оваа амбиција е остварена. Ако неко лица беа навредени, тогаш многу ни е жал“, изјави Ен Декамп, портпаролката на ЛОИ.

ПретходноСанчо постигнал начелен договор со европски гигант, Јунајтед ќе добие 60 милиони евра
СледноГерманците фуриозно против Јапонија