ПМФЛ: Првенството почнува со „Супер Куп“, “Дербито на Македонија“ во 2.коло!

994

Новиот шампионат на Македонија во нашата елитна лига стартува на 11 август. Денеска беа извлечени двојките по што се знае и комплетниот распоред во првиот и вториот круг. Ние веќе ги објавивме двојките за 1.коло и распоредот, но вреди да се напомене дека првенството стартува со „Супер Купот“, односно со дуелот меѓу шампионот Струга ТЛ и освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Тиквеш.Овој меч се игра во Струга.

Во 2.коло по подолго време се игра мечот меѓу Вардар и Пелистер, тоа е “Дербито на Македонија“, кое се игра на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје.

Еве кога се играат дерби средбите во првиот круг, оние најинтересните:

1.коло (11 август) Струга ТЛ – Тиквеш

2.коло (18 август) Вардар – Пелистер

3.коло (25 август) Шкупи – Вардар

5.коло (15 септмври) Шкупи – Шкендија

6.коло (22 септември) Струга ТЛ – Шкупи

8.коло (29 септември) Шкендија – Вардар

9.коло (05 октомври) Вардар – Струга ТЛ

11.коло (27 октомври) Шкендија – Струга ТЛ, Вардар – Работнички

ПретходноОфицијално: Пандев е ново име во КК Пелистер!
СледноШведска подобра од Шпанија, Данците рутински против Египет!