Словенија и Хрватска одиграа доста интересен меч на кој во центарот на теренот беше најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Словенија со одлична игра во второто полувреме ја совлада Хрватска со 31-29 и дојде до првата победа ЛОИ во Париз.
Јанц и Влах беа лидери во таборот на победничкиот тим, запишаа по осум гола. На другата страна Шоштариќ и Мартиновиќ запишаа по пет погодоци.
Хрватска имаше шанса да дојде до триумфот многу полесно, особено што во голем дел од мечот имаше поизитва од четири гола. Во овој период „коцкестите“ неа многу подобар противник, отворија со 5-1, но па имаа 5-9. По последната негатива од четири гола (7-11), Словенија успеа да се врати во дуелот со серија од 6-2 и на одморот да израмни на 13-13.
Во второто полувреме сликата се промени, Хрватска двапати имаше плус два, по што Словенија ја превзема контролата, поведе со 25-21 во 52-та минута. Во овој период одличен беше Ферлин.
Хрватска не најде начин да се врати, Словенија поведе со 30-25 на три минути до крајот за прва победа на ЛОИ.