Благодарение на раководството на Струга ТЛ, фановите во Македонија уште еднаш ќе можат низ ТВ пренос да проследат европски меч нашиот шампион. Како што известуваат од клубот утрешниот меч во Ереван меѓу Пјуник и Струга ТЛ, реванш во 2.квалификациско коло во ЛК, ќе може да се проследи на МРТ 2 и МРТ 3, истиот почнува во 18 часот.
Да потсетиме дека на првата средба во Охрид, Струга ТЛ победи со 2:1.