Првото летно засилување на Феникс е американскиот кошаркар Мајлс Браун кој „виолетово-жолтиот“ дрес ќе го облече по настапите за Универзитет Охајо.
23-годишникот ги покрива бековските позиции. Претпознатлив е и по одличниот шут зад линијата 6,75, сегмент од играта од каде бележи 44 отсто, односно 42 отсто успешност во последните две сезони.
Изминатата сезона настапи на 23 натпревари за својот Универзитет од кои 17 како дел од почетната петорка бележејќи просек од 9.7 поени, 3.8 скокови и 1.9 асистенција по натпревар.