Александар Илиевски по деветти пат го пливаше маратонот во Канада

115

Еден од најдобрите македонски пливачи ја почна сезоната во маратони. Александар Илиевски беше дел од Маратонот во Канада (32 км). На своето деветто учество на овој традиционален маратон ззаврши на седмото место, постигна време од 7 часа и 47 минути.

 

“Завршен уште еден маратон, прв за оваа сезона на маратони. Испливан уште еднаш по 7 ми пат маратонот во Канада Lac St.Jean (32km) . 9-то учество на 70-то издание го завршив на 7. место 7ч47мин. Времето не беше лошо. Температурата на езерото околу 18 степени, но сепак успеав да издржам . Голема благодарност за подршката на тренерот во кајче Olivier Levesque кој успешно успеа да ме однесе на целта и да ја испливам трката. Голема благодарност до сите мои подржувачи и помагатели . Спортски Поздрав“, напиша Александар Илиевски.

ПретходноСловенија со одличен финиш против Хрватска за прва радост на ЛОИ
СледноПМФЛ – 1.коло: Вардар на стартот против Брера на гости, а Струга ТЛ дома со Тиквеш