Втор пораз на домаќините: Европскиот првак Франција на колена пред Норвешка

103

Уште едно лошо издание на ракометната репрезентација на Франција и втор поразна машкиот ракометен турнир на Олимпијадата во Париз. Денеска во мечот од 2. Коло во групата „Б“, Французите пред своја публика беа совладани од селекцијата на Норвешка со високи 27:22.

Разликата за победа скандинавците ја направија во првото полувреме кое го завршија со 16:11. Франција се обиде во вториот дел да се врати во игра, но противникот не им дозволи да дојдат до пресврт.

Лидер во победата на Норвешка беше Блонц со 7 гола, додека Грондал и Лис епостигнаа по пет. Кај Франција, Дика Мем постигна 10 гола.

Франција во следните три меча со Египет, Аргентина и Унгарија немаат право на „кикс“ ако сакаат да се видат во четвртфиналето.

ПретходноТрикратниот олимписки шампион закачи Ковид, не може да стане од кревет
СледноЈунајтед ќе гради нов “Олд Трафорд“ со капацитет од 100.000 места, цената е 2 милијарди фунти!