Германците без проблем дојдоа до втората победа на ЛОИ во Париз. Во рамките на групата А ја совладаа Јапонија со убедливи 37-26.
Овој натпревар Германците го решија после едно полувреме, во кое водеа со 8-20, додека пак на одморот позитивата беше 10-21. Јапонија во вториот дел одигра нешто подобро, но недоволно за да се размрдаат редовите на Германија, која имаше и плус 14 (14-28).
Лидер беше Ушчинс со седум гола, додека Кнор имаше шест гола. На другата страна Фујисака имаше шест погодоци.