Она што неколку денови наназад се шпекулира во фудбалските кулоари е на пат да добие и комплетна реализација. Гостивар го очекува потписот на најголемата трансфер „бомба“ ова лето, доаѓањето на Набил Дирар.
Некогашниот голгетер на турски Фенербахче, кој сега има 38 години, ќе биде звучното име во дресот на македонскиот прволигаш, барем според најавите кои ги испраќаат гостиварчани.